Prijavi problem

Коледарчињата од општина Илинден со песна го најавија Христовото раѓање

Објавено на: 06.01.2018 - 12:48

Носејќи макета на Витлеемската пештера која ја симболизира пештерата во која се родил Исус Христос, ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус и пеејќи ја христијанската коледарска песна „Вечниот Боги, стотици деца како дел од бадникарската поворка од општина Илинден го најавија прославувањето  на Бадник и Божик.

Малите коледарчиња кои се симбол на ангелите што ја носат веста за Христовото раѓање во Домот на култура „Илинден“, традиционално беа пречекани од градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Посакувајќи им среќни празници, во знак на благодарност за убавата вест и негувањето на традицијата, на првите гласници на празникот, градоначалникот Стојановски им подари јаболчиња, костени, портокали, бонбони...

Бадникарската поворка се одржува веќе 6-та година по ред, со што  стана составен дел од одбележувањето на Божик во општина Илинден.

Бадник е последниот ден од шестнеделниот пост со кој верниците се подготвуваат достојно да го пречекаат најрадосниот ден, денот на раѓањето на Спасителот на светот и синот Божји Исус Христос.  

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013