Prijavi problem

Книжевно пладне со писателот Александар Поповски

Објавено на: 19.04.2017 - 16:58

Во рамките на 18-та Литературна манифестација „Илинден 2017“, во Домот на култура „Илинден“ се одржа книжевно пладне со писателот Александар Поповски, добитник на наградата „Ванчо Николески“, на Друштвото на писателите на Македонија.

За животниот пат и за творештвото на Поповски зборуваше писателот Александар Кујунџиски, а многубројните вљубеници во пишаниот збор, пред се од помладата генерација, со особен интерес го следеа претставувањето на нивниот омилен писател.

Книжевното пладне го збогатите учениците од училиштата во Општина Илинден со читање на стихови од најновата книга на Поповски „И по сто пати“.

Александар Поповски не беше поштеден ни од многубројните прашања на присутните од тоа како станал писател, до тоа која му е негова најомилена книга, на кои тој со особено задоволство одговараше, пред се затоа што голем дел од неговото литературно творештво тој им го посвети токму на најмладите. 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013