Prijavi problem

Изложба на карикатури и концерт на ансамблот „Серенада” во Домот на култура „Илинден“

Објавено на: 27.10.2016 - 09:58

Во Домот на култура „Илинден“ отворена е изложба на карикатури што се дел од светскиот Фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, што традиционално секоја година го организира Домот на култура „Тошо Арсов“ од Виница. Изложбата ја отворија академскиот сликар Новица Трајковски и директоот на Домот на култура „Тошо Арсов“, Славчо Данев.

На изложбата се претставени 50-на карикатура на познати светски втори, а меѓу нив и првонаградената на фестивалот во Виница, чиј автор е Клаус Питер од Австрија. 

Вечерта беше збогатена со концерт на ансамблот за староградски песни „Серенада”, кој веќе 8 години функционира при Домот на култура „Тошо Арсов” во Виница, а е составен од академски музичари и музичари аматери.

На присутните во Домот на култура „Илинден“ тие им се претставија со  староградски песни од повеќе краеви на Македонија, со посебен акцент на виничкото староградско наследство.

Како вовед во концертот на „Серенада“, со сплет од повеќе ора настапија младите играорци од Ансамблот за народни песни и игри „Илинден“.

За љубителите на добрата карикатура, изложбата ќе биде отворена до 2-ри ноември, годинава.

 

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013