Prijavi problem

Изложба и промоција на книга во Домот на култура „Илинден“

Објавено на: 04.10.2016 - 15:18

 

Во Домот на култура „Илинден“, во присуство на поголем број љубители на уметноста и литературата, меѓу кои и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, беше отворена ликовната изложба „Земна и небесна екстаза”, како и промоција на истоимената книга од авторите Ефтим Клетников и Климе Коробар.

Изложбата „Земна и небесна екстаза” е дел од истоимениот проект во рамките на кој во посебно издание покрај сликите од изложбата е објавена и поезија од Анте Поповски и Ацо Шопов, како и светски познатите автори Соломон,  Михаил Лермонтов, Александар Блок, Хајнрих Хајне, Пол Верлен, Федерико Гарсија Лорка и Кајетан Кович.

Со пригоден збор за значењето на изложбата и на оваа поетско-ликовна антологија, на присутните им се обратија авторите Клетников и Коробар.

Покрај уметничките дела, присутните на изложбата имаа ретка можност да уживаат и во стиховите на светски познатите автори на љубовна поезија, застапени во антологијата.

Во организација на Општина Илинден и Асоцијацијата за култура Икон, на изложбата се претставени 30 дела од еминентни македонски уметници како Васко Ташковски, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Ниче Василев, Симон Шемов, Новица Трајковски, Стефан Хаџи Николов, Маријета Сидоски и други.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013