Prijavi problem

Инвестиции во развојот на културата и негувањето на културните вредности

Објавено на: 11.11.2016 - 15:36

Општина Илинден континуирано работи на обезбедување поволни услови за развој и за унапредување на културата која е белег на нашето постоење и значаен симбол на идентитетот на секој  народ.

Во таа насока, во тек е реализацијата на проектот „Галерија на отворено“ кој има за цел уредување на дворот на Домот на култура „Илинден“, кој треба да соодејствува и соодветствува на намената на објектот, како и да обезбеди максимална функционалност со нагласени естетски и уметнички вредности. Станува збор за реализација на проект кој ќе биде биде уникатен, единствен и оригинален, по кој Општината ќе биде препознатлива, со што ќе стане поатрактивна, како за домашни така и за странски посетители.

Како дел од овој проект Домот на култура „Илинден“ доби нов паркинг простор со површина од 900 метри и капацитет за 40 патнички возила.

Со изградбата и предавањето во употреба во ноември 2012 година, Домот на култура „Илинден“ стана средиште на најзначајните културни збиднувања во општината и регионот. Во него континуирано се одржуваат бројни јавни настани и манифестации, изложби, промоции, концерти, театарски претстави и ред други културни настани.

Паралелно со реализацијата на проектот „Галерија на отворено“ привршува и изградбата на два нови домови на културата во населените места Марино и Миладиновци. Изградбата на домовите на култура „Марино“ и „Миладиновци“ е продолжение на капиталниот проект „Изградба, санација и реконструкција на 10 домови на културата“ со кој беа изградени, реконструирани и опремени 10 Домови на културата.

Со реализацијата на овој капитален проект сите 12 населени места добиваат домови на културата, во кои покрај разновидните културни настани можат да се одржуваат разни видови предавања, работилници, трибини, конференции... Истовремено, ова се места каде што граѓаните, месните, заедници, здруженијата на пензионери, здруженијата на жени, на младинци, спортски друштва ќе имаат одлични услови за меѓусебно дружење и организирање на средби и состаноци.

И во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со континуирани инвестиции во развојот и унапредувањето на културата, опстојувајќи на трајните определби преку зоботувањето на културните настани и објекти да ги чува и негува нашата богата историска, културна и фолклорна традиција.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013