Prijavi problem

Интензивно се реализира Проектот „Со зеленило против загадувањето“

Објавено на: 23.03.2017 - 11:17

Проектот „Со зеленило против загадувањето“, како дел од континуираните активности за заштита на животната средина на Општина Илинден, интензивно се реализира на 20 локации на површина од 60 000 м2, каде што е предвидено да бидат засадени 1000 садници, со што ќе се даде значаен придонес во заштитата на животната средина и обезбедувањето на почист воздух.

Во рамките на Проектот што трае во текот на месец март, досега е извршено уредување и озеленување на поголемиот дел од предвидените локации на површина од 48 000 м2, при што се засадени околу 600 листопадни и зимзелени садници.

Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.

Во таа насока се очекува во овој еколошки проект посебно да се вклучат компаниите што подлежат на А и Б интегрирана еколошка дозвола, пред се поради исполнување на законските обврски и обврските согласно издадените дозволи и елаборати за животна средина.

Стопанските субјекти, според Законот за зеленило се должни да извршат озеленување на најмалку 30% од градежната парцела на која е изграден објектот, а доколку не постојат услови да се изврши озеленување на градежната парцела, сопственикот на објектот е должен да подигне зеленило на простор утврден од единицата на локална самоуправа.

Општина Илинден искажува голема благодарност до учесниците и поддржувачите на овој еколошки проект, до граѓаните, учениците, младинците, пензионерите, бизнис секторот, до вработените во општинските комунални претпријатија...

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013