Prijavi problem

Граѓанско учество во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година

Објавено на: 06.12.2018 - 08:38

Граѓаните на Општина Илинден предложија над 100 предлог-проекти што ќе бидат составен дел од  процесот на планирање на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година. Ова е епилог на Буџетскиот форум што во организација на Општина Илинден се одржа во Средното општинско стручно училиште „Илинден“, каде што преку посочување на приоритетните проекти во нивните населени места, граѓаните имаа можност со своето партиципативно учество да придонесат во креирањето на Буџетот за 2019 година.

Најголем дел од предложените проекти се од областа на патната и комуналната инфраструктура, по што следуваат проектите од областа на образованието и заштитата на животната средина .

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, обраќајки се на Форумот, изрази благодарност до присутните за нивното активно учество во дефинирањето на приоритетите на Буџетот за 2019 година. Притоа, тој го  истакна големото значење на граѓанското учество во креирањето на Буџетот. Со утврдувањето на насоките и приоритетите, граѓаните даваат голем придонес за локалниот економски и одржлив развој на заедницата и поквалитетни услови за живеење во сите населени места. 

-Успехот на нашата Општина е во тоа што секој поединец има свое учество во локалната заедница, си ја сака општината и дава свој придонес во нејзиниот развој, во рамките на своите можности. Само така можеме да одиме напред, мораме да си ја сакаме општината, треба сите ние да дадеме свој придонес за подобрување на квалитетот на живеење.

 

Затоа потребно е да ги утврдиме приоритетите, зашто сигурен сум дека нашата општина ќе се развива уште повеќе доколку работиме заедно, истакна градоначалникот Жика Стојановски, отворајќи го Буџетскиот форум.

Со реализацијата на буџетските форуми Оштина Илинден останува доследна на своите трајни определби за поголема транспарентност, комуникација и интерактивност со граѓаните, излегувајќи им во пресрет на  нивните барања и потреби, преку идеи, предлози, мислења, проекти, партиципативно да учествуваат во креирањето на Буџетот за следната година.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013