Prijavi problem

ФОТО: Прва симултанка во шах во Општина Илинден

Објавено на: 22.02.2013 - 19:56

Со 20 победи и 5 реми, интернационалниот мајстор во шах, Димче Илиевски ја одигра првата симултанка во шах што во организација на Општина Илинден, а во соработка со Шаховската федерација на Македонија, се одржа во Домот на култура „Илинден“.

Меѓу оние што успеаја да извлечат реми од интернационалниот мајстор беше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Во Домот на култура „Илинден“ беше вистински празник на шахот. Покрај 25 шахисти што учествуваа во симултанката, Домот беше исполнет со десетици вљубеници во шахот кои што уживаа во потезите на Илиевски.

-Беше вистинско задоволство да се учествува на ваков натпревар, кој, морам да признаам, ме изненади со добрата игра на противниците, истакна по завршувањето на симултанката интернационалниот мајстор во шах, Димче Илиевски.

За учество на симултанката, градоначалникот Стојановски му врачи посебна плакета на интернационалниот мајстор Илиевски, а за поддршката во организацијата плакета и додели и на Шаховската федерација на Македонија, што ја прими секретарот на Федерацијата, Иван Кочовски.

Од своја страна, пак, интернационалниот мајстор Илиевски на сите 25 учесници во симултанката им додели благодарници за учеството. 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013