Prijavi problem

ФОТО: Одбојкарите на ОУ „Гоце Делчев“ најдобри во Општината

Објавено на: 21.02.2013 - 17:26

Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ го освоија првото место на одбојкарскиот турнир во машка конкуренција, што во организација на Сојузот на училишен спорт на Општина Илинден се одржа во спортската сала на ОУ „Ристо Крле“ во н.м. Кадино. Второто место го освоија одбојкарите на ОУ „Ристо Крле“, додека на третото место се пласираа учениците од ОУ „Браќа Миладиновци“.

Победничките пехари на одбојкарите им ги додели градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Сојузот на училишен спорт во кој членуваат повеќе од 500 ученици од трите основни училишта од Општината, е формиран на почетокот од учебната 2012 година и во изминатиот период активно работеше во повеќе спортови. Беа организирани турнири во мал и голем фудбал, ракомет, спортски игри за децата со посебни потреби, тенис и есенски крос во трчање. Целта на Сојузот е да се обединат спортските друштва и да се развие и унапреди училишниот спорт. 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013