Prijavi problem

Есенски еко-активности во детската градинка „Гоце Делчев“

Објавено на: 22.10.2013 - 12:37

Дечињата од градинката „Гоце Делчев“ од Општина Илинден неуморно продолжуваат со активностите поврзани за заштита на животната средина, програма која ја спроведуваат со здружението на граѓани ОХО „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Пред пет месеци градинката „Гоце Делчев“ се здоби со највисок статус зелено знаме со што се стекна со статус „еко-градинка“ на интернационално ниво, но за да го задржат овој статус мораат континуирано да работат во областа на екологијата.

Наградата „Зелено знаме“ ја добија како признание за успешно реализираните активности за подигнување на свеста за здрава животна средина и за реализација на Проектот „Природата ја чуваме и се радуваме“.

Во моментов дечињата спроведуваат неколку точки на акција меѓу кои е акцијата за собирање на суви цвеќиња и суви лисја во дворот на градинката и складирање на соодветно место. Нивната цел е да направат компостара, која подоцна ќе им служи за засадување на цвеќиња и разубавување на дворот во градинката. Убавите есенски денови ги искористија и за изработка на симболи за својата група кои ги поставија во дворот на градинката. Целта на оваа активност беше да се развие свеста кај децата за тоа дека од непотребни и нефункционални предмети може да се добие уреден и разубавен двор.

Градинката „Гоце Делчев“ е еко-градинка која ја усвоила заштитата на животната средина како една од основните вредности за управување и раководење. Па покрај тоа што ги воспитува и едуцира децата на темата заштита на животната средина, ги едуцира и сите вработени во институцијата и пошироката заедница. Еко-градинката теоретското знаење го применуваат во пракса и при управувањето и раководењето ја земаат предвид состојбата и иднината на животната средина.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013