Prijavi problem

Екипата на „Машна“ најдобра на турнирот во баскет

Објавено на: 23.07.2018 - 12:15

Екипата на „Машна“ го освоија кошаркарскиот турнир во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2018“, што Општина Илинден го организираше по повод одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и Денот на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август“.

Во финалниот натпревар кошаркарите на „Машна“ извојуваа победа над екипата на „Олдскул“ која го освои второто место, а на третото место се пласираше екипата на „Овчичка“, која во борбата за третото место ја совлада екипата на „Илинден“.

Натпреварите во баскет на кои настапија 8 екипи се одиграа на игралиштето во Спорскиот комплекс „Марино“. Речиси сите натпревари се играа пред бројна публика, а на најдобрите три пласирани екипи им беа доделени соодветни награди.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013