




Атлетика - На пешачко-рекреативната патека Марино-Кадино се тркаа 300 ученици и младинци
Објавено на: 29.07.2019 - 17:00
На пешачко-рекреативната патека Марино-Кадино, во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2019“ се оджаа натпреварите во атлетика-трчање, на кои учествуваа околу 300 ученици и младинци. Во прекрасен амбиент младите вљубеници во атлетиката се натпреваруваа во трките на 50, 150, 300, 500, 600, 800 и 1500 метри, при што беа бодрени од многубројна публика. Натпреварите во атлетика речиси секоја година се најатрактивен дел од Спортскиот викенд, а причина за тоа секако е настапот на најмладите во трките на 50 метри, момчињата и девојчињата од градинката „Гоце Делчев“. Покровителот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски на најдобрите тројца во секоја дисциплина им додели медали. Благодарејќи на одржувањето на Спортскиот викенд атлетиката станува се попривлечен спорт кај најмладите, а за тоа најдобро зборува се помасовното учество на учениците и младинците во трките што се организираат по повод одбележувањето на Денот на Општината „Илинден 2-ри Август“. ПЛАСМАН Трчање на 50 м /женски / градинка
Трчање на 50 м / машки / градинка
Трчање на 150 м /женски / 1 – 3 oдд
Трчање на 150 м /машки/ 1 – 3 oдд
Трчање на 300 м /женски/ 4 – 5 oдд
Трчање на 300 м /машки/ 4 – 5 oдд
Трчање на 600 м /женски/ 6 – 7 oдд
Трчање на 600 м /машки / 6 – 7 oдд
Трчање на 600 м /женски/ 8 – 9 oдд
Трчање на 800 м /машки/ 8 – 9 oдд
Трчање на 800 м /женски/ I – IV СОСУ
Трчање на 1500 м /машки/ I – IV СОСУ
|
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманиетоНастаниИзвестувања
ГалерииВидео
Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
|