Prijavi problem

„Трофеј Илинден 2019“ се возеше низ Општина Илинден

Објавено на: 29.07.2019 - 16:56

 

Како централен настан на Спортскиот викенд „Илинден 2019“ низ Општина Илинден се возеше традиционалната професионална велосипедска трка „Трофеј Илинден 2019“ во должина од 100 километри. Оваа трка е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација и се бодува за купот на нашата земја.

На огромно задоволство на љубителите на овој спорт кои во голем број беа присутни крај патеката, „Трофеј Илинден“, како и минатата година, го освои Никола Лефков од Општина Илинден.

Во оваа меѓународна трка која предизвикува се поголем интерес меѓу граѓаните и која е можеби директен повод многу млади од Општина Илинден да почнат да се занимаваат со велосипедизам, учествуваа 70-на велосипедисти од земјата и од странство, кои се натпреваруваа во повеќе категории: сениори, мастерс, кадети, јуниори, жени, У15 и У13.

Стартот на трката беше од пред Спортската сала „Гоце Делчев“, каде што беше и целта, а велосипедистите возеа 4 круга низ населените места на Општина Илинден: Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци и Кадино, при што должината на еден круг е 25 километри.

Пригодни награди на најдобро пласираните, како  и традиционални жолти маички на победниците им додели  покровителот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

За учество и поддршка во организирањето на Спортскиот викенд „Илинден 2019“, посебна плакета градоначалникот Стојановски и додели на Велосипедската федерација, која ја прими претседателот на Федерацијата, Сашо Димитријоски. Истовремено, од име на Велосипедската федерација, на градоначалникот Стојановски му беше доделена посебна плакета за организација на велосипедската трка „Трофеј Илинден“.

 

ПЛАСМАН

 

СЕНИОРИ

1. Никола Лефков – „Вело – М “ - Kуманово

2. Тефик Салахи – „Цикло спорт“

3.Милан Нацевски – „Оксижен” - Скопје

 

 

ЈУНИОРИ

 

1. Димитар Јовсновски – „Енерџи“ - Скопје

2. Виктор Ванчевски  - „МВК” - Велес

3.Ѓорѓи Николове – „Драг” – Софија (Бугарија)

 

КАДЕТИ

 

1. Даниел Тодоров – „Драг” – Софија (Бугарија)

2. Тео Врондалиев – „Maдал бал аутдор клуб” - Скопје

3.  Благој Марковски – „МВК“ - Велес

 

МАСТЕРС

 

1. Зоран Ристовски - „Вело – М “ - Kуманово

2. Златко Гецовски – „15 Мај“                    

3. Дејан Новковски - „Енерџи“ - Скопје

 

ЖЕНИ

 

  1. Андреја Будимовска–– „Енерџи“ – Скопје

 

У 15

1.Даим Муареми – „Адреналин“

2.Давид Ристовски - „МВК“ – Велес

3.Андреј Маџовски – „Илинден“

 

У 13

1.Христијан Атанасовски  – „15 Мај“

2.Константин Костовски -„Илинден“

3.Филип Темелковски - „15 Мај“

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013