Prijavi problem

„Трофеј Илинден 2018“ по 10. Јубилеен пат се возеше низ општина Илинден

Објавено на: 23.07.2018 - 11:15

Во рамките на јубилејниот 10. по ред Спортски викенд „Илинден 2018“ што е дел од одбележувањето на патрониот празник „Илинден 2-ри Август“, низ општина Илинден се возеше традиционалната професионалната велосипедска трка „Трофеј Илинден 2018“, во должина од 100 километри.

На големо задоволство на љубителите на овој спорт кои во голем број беа присутни крај патеката, најдобар на овој централен настан на годинешниот Спортски викенд што се реализира во соработка со Велосипедската федерација на Македонија,  беше Никола Лефков од општина Илинден.

На велосипедската трка „Трофеј Илинден 2018“ која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја учествуваа 52 велосипедисти од Македонија и Бугарија, кои се натпреваруваа во повеќе категории: сениори, мастерс, кадети, јуниори, жени, У-15 и У-13.

Стартот на трката беше од пред Спортската сала „Гоце Делчев“, каде што беше и целта, а се возеа 4 круга низ населените места на општина Илинден: Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци и Кадино, а должината на еден круг изнесуваше 25 километри.

Пригодни награди на најдобро пласираните, како  и традиционални жолти маички на победниците им додели  покровителот на манифестацијата, градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

 

ПЛАСМАН

 

СЕНИОРИ

1. Никола Лефков – „Вело – М “ - Kуманово

2. Јордан Анреев – „Цар Самуил“ – Р.Бугарија

3. Давид Петрушевски – „Maдал бал аутдор клуб” - Скопје

 

 

ЈУНИОРИ

 

1. Александар Чавлески – „Енерџи“ - Скопје

2. Бојан Стојчевски  - „Maдал бал аутдор клуб” - Скопје

3. Андреј Петрушевски – „Maдал бал аутдор клуб” - Скопје

 

КАДЕТИ

 

1. Андреј Стојановски – „Вело – М“ - Kуманово

2. Тео Врондалиев – „Maдал бал аутдор клуб” - Скопје

3.  Виктор Ванчевски – „МВК“ - Велес

 

МАСТЕРС

 

1. Зоран Ристовски

2. Златко Геџовски – „Илинден“ - Прилеп                    

3. Сашко Јосифоски

 

ЖЕНИ

 

1. Анита Величковска – „Оксижен“ - Скопје

2. Илина Попова – „Енерџи“ - Скопје

3. Ивана Тонкова – „Драг“ - Р.Бугарија

 

У - 15

 

1. Даниел Тодоров – Драг - Р.Бугарија            

2. Дарко Димовски -  МВК - Велес

3. Лука Димитријоски – „Спид бајк“ - Кичево

 

У – 13

 

1.  Давид Ристовски – „МВК“ - Велес                             

2.  Стојан Шукалов – ,,Драг” - Р.Бугарија                      

3. Андреј Маџоски – ,,Илинден “ - Прилеп                     

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013