Prijavi problem

Ние инвестираме во Македонија!

24.12.2016 |

Ракометарите на ООУ „Гоце Делчев“ по четврти пат прваци на Скопје

Машката ракометна екипа на ООУ „Гоце Делчев“ по четври пат го освои првото место на градското првенство на Скопје, што го организира Сојузот на училишен спорт. Во финалето тие ја победија екипата на ООУ „Круме Кепески“, со резултат 17:9.

Седница на Советот на Општина Илинден

На 26.12.2016 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот, во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“, Советот на Општина Илинден ќе ја одржи 55-та редовна седница со следниот дневен ред:

Изложба на уметници од Општина Илинден

По повод Новогодишните и Божикните празници, во организација на Општина Илинден на 27 декември 2016 година (вторник) во 19.00 часот во Домот на култура „Илинден”, ќе биде отворена изложба на дела на уметниците од Општина Илинден.

16.12.2016 |

Форум за Локален економски развој на Општина Илинден

Во Домот на култура „Илинден“ се одржа Форум за Локален економски развој на Општина Илинден на кој учествуваа 170 компании кои што стопанисуваат во Општината, претставувани од сопствениците, директорите и членовите на менаџерските тимови. На Форумот, покрај претставниците на бизнис заедницата учествуваа и претставници на невладини организации, финансиски институции, претставници на локалната самоуправа и граѓанскиот сектор.

Форум за Локален економски развој

На 15.12.2016 година (четврток) од 14.00 до 16.00 часот во Домот на култура „Илинден“, во нас.Илинден, ќе се одржи Форум за Локален економски развој на Општина Илинден.

Kампања „Топол дом без пожари“ во Општина Илинден

Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје во сите дванаесет населени места во Општина Илинден  ја почна кампањата „Топол дом без пожари“.

13.12.2016 |

Мост на пријателство меѓу Општина Илинден и Општина Решетари, Хрватска

Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Општина Илинден и Основното училиште  „Анте Старчевиќ“ од Решетари, Хрватска, потпишаа Спогодба за меѓусебна соработка, во рамките на реализацијата на меѓународниот проект Мост на пријателство: Илинден-Решетари.

29.11.2016 - 14:10 | Галерии

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложба на слики од ликовната колонија во Радовиш

Во Домот на култура „Илинден“ во присуство на голем број љубители на уметноста, меѓу кои и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, отворена е ликовна изложба на слики од првата Меѓународната ликовна колонија во Радовиш, „Свети ...

Изложба на слики во Домот на култура „Илинден“

На 29.11.2016 година (вторник) во 12:00 часот, во Домот на култура „Илинден“ ќе биде отворена ликовна изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија во Радовиш, „Свети Георгиј”.

Оџачарски услуги

Како дел од активностите на Општина Илинден во насока на обезбедување квалитетни услуги за своите жители, веќе две години во рамките на ЈКП „Илинден“ работи служба која што нуди оџачарски услуги. Воведувањето на оџачарската услуга подразбира чистење и контрола на уредите за спроведување на чад и опремата за ложење, со што се овозможува нормално функционирање на оџаците, димоводните уреди и огнишните објекти.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013