Prijavi problem

Добредојдовте во Општина Илинден!

01.07.2019 - 12:09 | Галерии

Незаборавен концерт на средношколскиот бенд од Општина Илинден

  Во прекрасниот амбиент на амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“, се одржа концерт на училишниот бенд од Средното општинско стручно училиште „Илинден“.

Известување - прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 20.06.2019 год. (четврток ) со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши  терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција)  за уништување на возрасни форми на комарци.

07.06.2019 - 12:28 | Галерии

Свечено испратена 10-та генерација дечиња од постоењето на градинката „Гоце Делчев“

Градинката „Гоце Делчев“ ја испрати 10-та генерација дечиња од постоењето на градинката. На прекрасно поставената сцена во дворот на градинката, пред поголем број на родители и гости, во приредба за незаборав, дечињата со песна и игра го ...
07.06.2019 |

Објавен е новиот број на општинскиот информатор „Илинден“

Објавен е новиот број на општинскиот информатор „Илинден“ број 63-64 посветен на културата. Во него се сместени голем број на информации и фотографии од јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден“

05.06.2019 - 18:57 | Галерии

Отворена ликовна изложба „Бесконечност”, на Анка Колева

Со наслов „Бесконечност“, во Домот на култура „Илинден“ отворена е ликовна изложба на Анка Колева- Анче. За содржината на изложбата, како и за творештвото на авторката пригоден збор одржа Љубен Пауновски. На изложбата која ќе биде отворена до 12 ...
05.06.2019 |

Отворање на ликовна изложба „Бесконечност”

На 05.06.2019 г. (среда) со почеток во 14 часот во домот на култура Илинден ќе се одржи отворање на ликовната изложба насловена како Бесконечност на Анче Колева. Изложбата содржи 31 дело, сите направени во техника масло на платно и ќе биде отворена за посетители една недела, до 12 јуни.

02.06.2019 - 00:59 | Галерии

Меморијален фудбалски натпревар во чест на Роберт Петковски

Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили Роберт Петковски кој беше член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, на фудбалското игралиште во Бунарџик, се одржа меморијален натпревар меѓу екипите на Бунарџик-Роберт Петковски и на ...
31.05.2019 |

Фудбалскиот клуб Кадино влезе во Втората македонска лига

Фудбалскиот клуб Кадино од Општина Илинден го одбележа влегувањето во Втората македонска фудбалска лига. Во натпреварувачката сезона 2018/2019 ФК Кадино го освои првото место во Северниот регион и со тоа направи историски успех.

31.05.2019 |

Одбележан „Денот на пченицата 2019“

Под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сојузот на стопански комори на Македонија и Oпштина Илинден, а во организација на компанијата „Агроунија“ се одржа манифестацијата „Ден на пченицата 2019“.

31.05.2019 |

Компанијата „Белина“ одбележа 25 години постоење

Компанијата „Белина“ која што се наоѓа во локалната економска зона Марино-Кадино одбележа 25 години од своето постоење, од кои пет години стопанисува во Општина Илинден.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013