Prijavi problem

Ние инвестираме во Македонија!

08.03.2017 |

Со црвени рози градоначалникот Жика Стојановски им го честиташе 8-ми Март на жените

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, со црвени рози им го честиташе празникот 8-ми март на припадничките на понежниот пол.

07.03.2017 - 12:08 | Галерии

Незаборавен Осмомартовски концерт во Домот на култура „Илинден“

По повод меѓународниот Ден на жената 8-ми Март, во Домот на култура „Илинден“ се одржа традиционалниот Осмомартовски концерт. Со звуците на македонската народна песна и сплет народни ора членовите на Ансамблот за народни песни и игри „Илинден“, ...
07.03.2017 |

Заштитната облека и обувки за Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“

Противпожарниот сојуз на Македонија донираше пет комплети на заштитни одела и пет пара заштитни обувки на Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“. Заштитната облека и обувки се наменети за доброволните пожарникари од Општинскиот  противпожарен сојуз „Илинден“, за нивна обука и учество во интервенции на гасење пожари на отворен простор.

Традиционален Осмомартовски концерт на Ансамблот „Илинден“ и Мартија Станојковиќ, во Домот на култура „Илинден

По повод меѓународниот Ден на жената 8-ми Март, на 06.03.2017 година (понеделник), со почеток во 20:00 часот, во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи традиционалниот Осмомартовски концерт. Членовите на Ансамблот за народни песни и ора „Илинден“ со богата културно-уметничка програма, исполнета со сплет традиционални македонски песни и ора на припадничкиоте на понежниот пол ќе им го честитаат Денот на жената 8-ми Март.

02.03.2017 |

Општина Илинден почна со реализација на Проектот „Со зеленило против загадувањето“

Како дел од континуираните активности за заштита на животната средина, со засадување на повеќе листопадни и зимзелени садници на пешачко рекреативната патека Марино-Кадино, Општина Илинден почна со реализација на проектот „Со зеленило против загадувањето“, што ќе трае во текот на месец март.

Проект „Со зеленило против загадувањето“

Како дел од континуираните активности за заштита на животната средина Општина Илинден во текот на месец март ќе го реализира проектот „Со зеленило против загадувањето“.

24.02.2017 |

Успешна крводарителска акција во Општина Илинден-60 крводарители ја даруваа драгоцената течност

Во организација на Општина Илинден и Црвениот крст на Република Македонија, во домот на култура „Илинден” успешно се реализираше уште една акција за дарување крв, што традиционално секоја година се одржува во месец февруари.

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Закон за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.199/2014, 44/2015, 193/2015 и 31/2016) општина Илинден распишува:

Крводарителска акција во домот на култура „Илинден“

На 24.02.2017 година (петок) Општина Илинден во соработка со Црвениот крст на Република Македонија организира крводарителска акција, која што во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“, во нас. Илинден.

16.02.2017 |

Унгарскиот амбасадор д-р Ласло Иштван Дукс во посета на Општина Илинден

Амбасадорот на Унгарија во нашата земја д-р Ласло Иштван Дукс престојуваше во Општина Илинден при што се сретна со градоначалникот Жика Стојановски. На средбата стана збор за економските потенцијали на Општината, како и можноста за привлекување на унгарските стопанственици да инвестираат во Општина Илинден.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013