Prijavi problem

Граѓаните активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година

03.01.2012 |

Предаден во употреба Домот на култура во н.м. Дељадровци

Bо населеното место Дељадровци на свечен начин беше предаден во употреба реконструираниот Дом на култура. Пред поголем број граѓани Домот на културата во употреба го пуштија градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски и претседателот на Советот на Општината, Марјан Милошевски.

Предавање во употреба на Домот на култура во н.м. Дељадровци

Bо петок (30.12.2011 г.) во 12 часот, на свечен начин ќе биде предаден во употреба реконструираниот Дом на култура во населено место Дељадровци.

28.12.2011 |

Новогодишни пакетчиња за најмладите

Општина Илинден во соработка со Воздухопловниот винг на АРМ, годинава по втор пат организираа предновогодишна детска забава за децата од Здружението на лица со хендикеп и посебни потреби од Општина Илинден и дечињата од општинската детска градинка“Гоце Делчев“.

Видео: Општина Илинден Реализирано 2011 „Вложуваме во иднината“

Видео: Општина Илинден Реализирано 2011 „Вложуваме во иднината“

Реализирано 2011 „Вложуваме во иднината“ - отчет за работењето на општината во 2011 година

 Почитувани граѓани,

како прилог на последниот број на општинскиот информатор за 2011 година, Ви го доставуваме извештајот за работењето на Општина Илинден во 2011 година Реализирано 2011 „Вложуваме во иднината“ .

Објавен последниот број на Општинскиот Информатор за 2011 година

Општина Илинден со чест го објавува следниот примерок и во едно последниот број за 2011 година на Општинскиот Информатор „Илинден“. Печатената форма на Информаторот веќе се објавува и дистрибуира бесплатно до сите домаќинства три години по ред.

Стратешки план за Локален економски развој нацрт верзија

Почитувани граѓани,

во прилог Ви е доставена нацрт стратешкиот план за Локален економски развој на општина Илинден за периодото од 2012 до 2016 година.

09.12.2011 |

ПРЕДЛОГ БУЏЕТ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН За 2012 година

Предлог Буџетот на Општина Илинден година ги содржи планираните приходи на буџетот за 2012 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2012 година. 

Нова странска директна инвестиција (СДИ) од Холандија во висина од 2 милиона евра во Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски потпиша договор со претставниците на фирмата Хавеп Импех од Холандија, која што по пат на електронско јавно наддавање за оттуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, стана сопственик на парцела од 7.239 метри квадратни во населеното место Кадино.

Реализација на проектот “Енергетска ефикасност во јавните општински установи“

 Општина Илинден во соработка со Светска банка успешно го реализира проектот “Енергетска ефикасност во јавните општински установи”.

Енергетската ефикасност се реализира преку инсталирање централен систем за греење и ладење со геотермални топлински пумпи, каде што е применет принципот на енергетски ефикасен систем за греење со користење обновливи алтернативни извори на енергија.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013