Prijavi problem

ПРЕГЛЕД НА РЕАЛИЗИРАНИ ПРИХОДИ ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН БУЏЕТ 2005-2019

Видео: Општина Илинден Реализирано 2011 „Вложуваме во иднината“

Видео: Општина Илинден Реализирано 2011 „Вложуваме во иднината“

Реализирано 2011 „Вложуваме во иднината“ - отчет за работењето на општината во 2011 година

 Почитувани граѓани,

како прилог на последниот број на општинскиот информатор за 2011 година, Ви го доставуваме извештајот за работењето на Општина Илинден во 2011 година Реализирано 2011 „Вложуваме во иднината“ .

Објавен последниот број на Општинскиот Информатор за 2011 година

Општина Илинден со чест го објавува следниот примерок и во едно последниот број за 2011 година на Општинскиот Информатор „Илинден“. Печатената форма на Информаторот веќе се објавува и дистрибуира бесплатно до сите домаќинства три години по ред.

Стратешки план за Локален економски развој нацрт верзија

Почитувани граѓани,

во прилог Ви е доставена нацрт стратешкиот план за Локален економски развој на општина Илинден за периодото од 2012 до 2016 година.

09.12.2011 |

ПРЕДЛОГ БУЏЕТ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН За 2012 година

Предлог Буџетот на Општина Илинден година ги содржи планираните приходи на буџетот за 2012 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2012 година. 

Нова странска директна инвестиција (СДИ) од Холандија во висина од 2 милиона евра во Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски потпиша договор со претставниците на фирмата Хавеп Импех од Холандија, која што по пат на електронско јавно наддавање за оттуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, стана сопственик на парцела од 7.239 метри квадратни во населеното место Кадино.

Реализација на проектот “Енергетска ефикасност во јавните општински установи“

 Општина Илинден во соработка со Светска банка успешно го реализира проектот “Енергетска ефикасност во јавните општински установи”.

Енергетската ефикасност се реализира преку инсталирање централен систем за греење и ладење со геотермални топлински пумпи, каде што е применет принципот на енергетски ефикасен систем за греење со користење обновливи алтернативни извори на енергија.

28.11.2011 |

Општина Илинден на ЗЕЛС ЕКСПО 2011

 Фото: Општина Илинден на ЗЕЛС ЕКСПО 2011

28.11.2011 |

Успешно реализирана традиционалната осма по ред акција за пошумување “Ден на дрвото-засади ја својата иднина“

 Под мотото “Садиме денес-пишуваме и праќаме писмо на мирот“, на 23.11.2011 година на тероиторијата на Република Македонија успешно се реализираше традиционалната осма по ред есенска акција за пошумување “Ден на дрвото-засади ја својата иднина“. Притоа, на 400 локации низ цела Македонија беа засадени 5,7 милиони садници.

25.11.2011 |

Општина Илинден на ЗЕЛС ЕКСПО 2011 саем на општините

  Општина Илинден и ова година учествува на саемот на локалните самоуправи на Ребулика Македонија ЗЕЛС ЕКСПО 2011. 

Саемот се одржува на 25 и 26 ноември во скопскиот саем.

Општина Илинден, на овој саем посветен на локалниот економски развој се претставува на штанд бр. 142.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013