Prijavi problem

Ние инвестираме во Македонија!

Отпочна реконструкцијата на Домот на Култура во населено место Дељадровци

 Општина Илинден продолжува со реализација на капиталниот проект “10 Домови на културата“, при што како дел од проектот интензивно се работи на целоснта реконструкција и санација на 7–от Дом на Култура кој се наоѓа во населеното место Дељадровци.

Со реализацијата на овој проект 530 жители од н.м Дељадровци ќе имаат свој простор за одржување на средби, состаноци, манифестации и канцеларија за функционирање на локалната месна заедница. 

20.11.2011 |

Пуштен во употреба Домот на културата во Текија

Во населеното место Текија на свечен начин беше пуштен во употреба реконструираниот  и дограден Дом на културата. Пред поголем број граѓани, Домот на културата во употреба го предадоа градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски и претседателот на Советот на Општината, Марјан Милошевски. 

Предавање во употреба на Домот на културата во н.м. Текија

 Bо сабота (19.11.2011 г.) во 12 часот, на свечен начин ќе биде предаден во употреба реконструираниот  и дограден Дом на културата во населено место Текија.

18.11.2011 |

Во Домот на културта во Мршевци се одржа Третата работилница за изработка на Стратешкиот план за ЛЕР на Општина Илинден за периодот 2012-2016 година

 Во Домот на културта во н.м.Мршевци се одржа Третата од предвидените пет работилници за изработка на Стратешкиот план за ЛЕР на Општина Илинден за периодот 2012-2016 година, како и за изработка на Профил на Општината, што се реализира во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје.

18.11.2011 |

Децата од градинката “Гоце Делчев“ ја посетија фирмата “Геопром“

 Во рамките на активностите поврзани со хигиената и заштитата од вируси дечињата од групата “Сонце“, од детската градинка “Гоце Делчев“, ја посетија фирмата “Геопром“ од Скопје, која што се занимава со производство на хербални лекови, додатоци за прехрана и витамини. Оваа фирма е и генерален застапник на производите за лична хигиена за деца “Бубхен“, од Германија.

15.11.2011 |

Асфалтирање на локалниот пат на влезот во н.м. Миладиновци во должина од 1.000 метри

Општина Илинден, согласно предвидената динамика, продолжува со санација и реконструкција на локалните улици и патишта. Во тек е санација на локалниот пат на влезот во населено место Миладиновци, при што со нов асфалт се покриваат 1.000 метри од овој пат.

По асфалтирањето на овој локален пат што е со широчина од шест метри, ќе следува обележување на коловозот со хоризонтална сообраќајна сигнализација.

14.11.2011 |

Промовирана првата Монографија за Општина Илинден

 Во присуство на голем број гости, во хотел Бест Вестерн-Белви на свечен начин беше промовирана првата Монографија за Општина Илинден. Со издавањето на оваа Монографија Општина Илинден го заокружува одбележувањето на јубилејот-15 години од своето постоење и 20 години независност на Република Македонија.

14.11.2011 |

Се одржа втората Работилница за изработка на Стратешкиот план за ЛЕР на Општина Илинден

Општина Илинден во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје, продолжува со реализација на проектот за изработка на нов Стратешки план за Локален економски развој за периодот 2012-2016 година, како и за изработка на Профил на Општината. 

НОВ БРОЈ НА ОПШТИНСКИОТ ИНФОРМАТОР „ИЛИНДЕН“

Општина Илинден со чест го објавува следниот примерок на Општинскиот Информатор „Илинден“. Печатената форма веќе се објавува и дистрибуира бесплатно три години по ред.

Насловни теми во бројот ноември 2011 година:

  • Претседателот Ѓорге Иванов во посета на општината
  • Поставен камен темелник на првото модуларно средно и основно училиште
  • Изработка на стратешки план за локален економски развој на општината 2012-2016

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013