Prijavi problem

Ние инвестираме во Македонија!

06.06.2011 |

Предадена во употреба реконструираната улица во близина на детската градинка “Гоце Делчев“

 Bо Општина Илинден на свечен начин беше предадена во употреба реконструираната улица “534“, што се наоѓа во непосредна близина на Општинската детска градинка “Гоце Делчев“.

Улицата ја предаде во употреба градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и претседателот на Советот, Марјан Милошевски. 

03.06.2011 |

Испратена втората генерација на деца во прво одделение од градинката “Гоце Делчев“

Со пригодна свеченост Општинската детска градинка “Гоце Делчев“ ја испрати втората генерација на дечиња во прво одделение. 

“Снежана и седумте џуџиња“ беше темата со која токму идните првачиња, на завршната приредба што беше организирана по тој повод, им се претставија на родителите и многубројните гости. Приредбата се одржа во прекрасен амбиент, во дворот на градинката. 

02.06.2011 |

Предаден во употреба Домот на културата во населеното место Бучинци

 Пред поголем број граѓани во населеното место Бучинци на свечен начин беше предаден во употреба реконструираниот Дом на културата. Санираниот и обновен Дом на културата во употреба го предадоа градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и кандидатот за пратеник Владимир Ѓорчев.

02.06.2011 |

Предаден во употреба Домот на културата во населеното место Кадино

 Пред поголем број граѓани во населеното место Кадино, на свечен начин беше предаден во употреба реконструираниот Дом на културата. Домот го предадоа во употреба градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и кандидатот за пратеник Владимир Ѓорчев.

Советот на Општина Илинден донесе заклучок за фер и демократски избори

 Советот на Општина Илинден ја одржа Триесет и четвртата редовна седница. Притоа, советниците усвоија заклучок за заложба на политичките партии за фер и демократски парламентарни избори. 

Предавање во употреба на Домовите на културата во населените места Кадино и Бучинци

среда (01.06.2011 г.) во 11 часот, на свечен начин ќе биде предаден во употреба реконструираниот Дом на културата во населено место Кадино. Во 12 часот, пак, во употреба ќе биде пуштен и реконструираниот Дом на културата во населеното место Бучинци.

31.05.2011 |

Поставен камен темелник на нов Дом на културата во Текија

Во населеното место Текија, во Општина Илинден, на свечен начин беше поставен камен темелник на нов Дом на културата. Во присуство на поголем број граѓани камен темелникот го поставија вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и кандидатот за пратеник Владимир Ѓорчев.

31.05.2011 |

Вицепремиерот Владимир Пешевски ja посети Општина Илинден

Во посета на Општина Илинден престојуваше вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски. Присуството на Заменик Претседателот беше искористена за посета на повеќе стопански субјекти во општината каде беше разговарано за условите во кои што функционираат стопанските субјекти и запознавање со проблемите со кои соочуваат истите. 

31.05.2011 |

Предадено во употреба новото помошно фудбалско игралиште во Кадино

 Bо населеното место Кадино, во Општина Илинден, на свечен начин беше предадено во употреба новото помошно фудбалско игралиште. Во присуство на поголем број граѓани игралиштето го предадоа во употреба градоначалникот Жика Стојановски, кандидатот за пратеник Владимир Ѓорчев, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов.

31.05.2011 |

Успешно реализирана 12-та Меѓународната литературна манифестација „Илинден 2011“

 Oпштина Илинден, традиционално по 12-ти пат ја организираше Меѓународната литературна манифестација „Илинден 2011“. Терасата на хотелот Бест Вестерн-Белви беше претeсна да ги прими сите оние љубители на поетскиот збор што сакаа да присуствуваат на централниот настан на оваа манифестација-Поетскиот митинг. 

Во присуство на министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска и градоначалникот Жика Стојановски, над триесеттина домашни и странско реномирани поети се претставија со своите најнови творби што предизвика вистинско воодушевување кај публиката. 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013