Prijavi problem

Ние навиваме за Македонија!

26.10.2011 |

Претседателот Ѓорге Иванов ја посети Оштина Илинден

 Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја посети Оштина Илинден. Тој се сретна со Градоначалникот Жика Стојановски, како и со Форумот за локален економски развој на Општина Илинден, на кој разговараше со триесеттина стопанственици. 

По средбата Претседателот Иванов ја посети првата еко-куќа во нашата земја, во населеното место Кадино, каде што со сопственикот разговараше за можностите на овој енергетски независен објект со изградена сончева централа.

26.10.2011 |

Поставен камен темелник на Модуларно средно и основно училиште во Општина Илинден

 Во Општина Илинден, во присуство на поголем број граѓани, на свечен начин беше поставен камен темелник на првото Модуларно средно и основно училиште.

Камен темелникот го поставија министерот за образование и наука Панче Кралев, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и амбасадорот на Република Словенија, Ален Брајан Бергант, додека чинот на осветување го изврши Архиепископот Охридски и Македонски, Неговото Блаженство г.г Стефан.

Известување и Покана за поставување на камен темелник на Модуларното училиште

 Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека на ден 23.10.2011 година (недела) со почеток во 13:30 часот ќе се изврши поставување на камен темелник на Модуларното средно и основно училиште.

Камен темелникот ќе се постави во присуство на Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, додека чинот на осветување ќе го изврши Неговото Блаженство   г.г Стефан.

19.10.2011 |

Реконструиран локалниот пат Илинден-Хиподром во должина од 1.880 метри

 Општина Илинден во соработка со Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни патишта го реализираше проектот реконструкција на локалниот пат Илинден-Хиподром.

18.10.2011 |

Нов број на Општинскиот Информатор „Илинден“

  Општина Илинден со чест го објавува следниот примерок на Општинскиот Информатор „Илинден“. Печатената форма веќе се објавува и дистрибуира три година по ред.

 Насловни теми во бројот септември 2011 година:

Интензивна изградба на патната инфраструктура | Училиштата подготвени пречекаа 2.000 ученици | Одбележан Денот на Општината и 15 годишнината од постоењето | Министерот Кралев и вицепремиерот Пешевски во посета на Општината

 

14.10.2011 |

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Илинден и ОБСЕ

 Општина Илинден и мисијата на ОБСЕ потпишаа Меморандум за соработка со кој ОБСЕ ќе ја поддржи изработката на Стратешкиот план за локален економски развој на Општина Илинден за периодот 2012-2016 година, како и ревидирање на профилот на Општината. 

Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и амбасадорот на ОБСЕ во Република Македонија, Наталија Дрозд. 

14.10.2011 |

Реконструиран локалниот пат Марино-Кадино во должина од 2 километра

 Согласно предвидената динамика, Општина Илинден продолжува со санација и реконструкција на локалните улици и патишта. Kомплетно е саниран и покриен со нов слој асфалт локалниот пат Марино-Кадино, во должина од 2 километра. Крај патот со широчина од пет метри во тек е изградба на банкини со широчина од 70 сантиметри, по што ќе следува обележување на коловозот со хоризонтална сигнализација.

10.10.2011 |

Санација на коловозот и изградба на тротоари на ул.“8“ во нас. Илинден

 Согласно Програмата за изградба, санација и реконструкција на локалната патна инфраструктура, Општина Илинден продолжува со надградба, тампонирање и асфалтирање на локалните патишта и улици. Реализирајќи ги предвидените градежни активности извршена е санација и асфалтирање на дел од улица “8“ во населба Илинден.

Стратегија за модернизирање и забрзување на постапките за издавање Одобренија за градење и интегрирано управување со податоци

 Почитувани,

во прилог Ви ја доставуваме „Стратегијата за модернизирање и забрзување на постапките за издавање Одобренија за градење и интегрирано управување со податоци“

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013