Prijavi problem

Буџетски форум во општина Илинден

09.04.2012 |

Одбележан Светскиот ден на здравјето

По повод Светскиот ден на здравјето 7 Април, Општина Илинден организираше одбележување на овој ден преку запознавање на учениците од основните училишта од подрачјето на Општината со значењето на здравјето, здравата исхрана и пред се значењето на водата за опстанокот на човекот.

05.04.2012 |

Наградени најдобрите литературни и ликовни творби на тема „Училиште без насилство“

Одбележувајќи го Месецот на борба против насилството, основните училишта од подрачјето на Општина Илинден, под покровителство на Општината, распишаа конкурс за најдобра литературна и ликовна творба на тема „Училиште без насилство“.

02.04.2012 |

7-мата традиционална Априлијада најпосетена!

 

Bо организација на Општина Илинден, во спортската сала “Гоце Делчев во населба Илинден, се одржа традиционалната седма по ред Априлијада. 

Студеното и дождливо време не беше пречка стотици ученици од основните училишта “Браќа Миладиновци“, “Гоце Делчев“, “Ристо Крле“, како и дечињата од градинката “Гоце Делчев“ со своите вистина иновативни маски, да продефилираат во спортската сала.

 

72,9 отсто од граѓаните на Општина Илинден задоволни од услугите на локалната самоуправа

Поголемиот дел од граѓаните на Општина Илинден, поточно 72,9 отсто се задоволни од услугите на локалната самоуправа. Ова го покажа последното истражување за задоволството на граѓаните од општинските услуги во Република Македонија, спроведено од Центарот за развој на локалната демократија. 

02.04.2012 |

Жителите на Илинден “На кафе со нашиот Градоначалник“

Градоначалникот на Општина Илинден,  Жика Стојановски, во рамките на реализацијата на Проектот “На кафе со нашиот Градоначалник“, имаше средба со жителите на населба Илинден. 

29.03.2012 |

Ученици од ОУ “Браќа Миладиновци“ во посета на Општина Илинден

Со цел непосредно да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа, ученици од 3-то и 5-то одделение од ОУ „Браќа Миладиновци“, предводени од нивните наставници, ја посетија Општина Илинден. 

28.03.2012 |

Запознавање на учениците со тениската игра

 

Со изградбата и свеченото предавање во употреба на четирите тениски игралишта, значително се зголеми интересот за тениската игра, особено кај најмладите во Општина Илинден. 

За таа цел на ден 30.03.2012 година (петок) во периодот од 9 до 12 часот, на комплексот тениски игралишта, Општина Илинден, преку игра и забава, организира запознавање на учениците со основните правила на тениската игра.

 

Во Општина Илинден досега легализирани 1.000 дивоградби

Согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Општина Илинден досега легализираше 1.000 дивоградби.

Граѓаните на Општина Илинден масовно ги искористија поволностите што минатата година ги понуди Законот за постапување со бесправно изградени објекти, при што за само едно евро за метар квадратен можат да ги легализираат дивоградбите. 

27.03.2012 |

7-ма традиционална Априлијада во Општина Илинден!

По повод Денот на шегата, во организација на Општина Илинден,  на 1 Април 2012 година (недела), со почеток во 10 часот, пред спортската сала „Гоце Делчев“ ќе се одржи традиционалната седма по ред Априлијада.

Дистрибуирани решенијата за данок на имот за 2012 година

Општина Илинден ги дистрибуираше решенијата за данок на имот за 2012 година до 4.483 даночни обврзници. За разлика од минатата година, овој пат решенијата за данок на имот беа дистрибуирани директно на рака, за што беа ангажирани вработените во општинската администрација. Овој начин на дистрибуција на решенијата беше воведен со цел навремена достава на решенијата, како и ажурирање на базата на податоци и директно информирање на граѓаните.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013