Prijavi problem

Ние инвестираме во Македонија!

28.03.2012 |

Запознавање на учениците со тениската игра

 

Со изградбата и свеченото предавање во употреба на четирите тениски игралишта, значително се зголеми интересот за тениската игра, особено кај најмладите во Општина Илинден. 

За таа цел на ден 30.03.2012 година (петок) во периодот од 9 до 12 часот, на комплексот тениски игралишта, Општина Илинден, преку игра и забава, организира запознавање на учениците со основните правила на тениската игра.

 

Во Општина Илинден досега легализирани 1.000 дивоградби

Согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Општина Илинден досега легализираше 1.000 дивоградби.

Граѓаните на Општина Илинден масовно ги искористија поволностите што минатата година ги понуди Законот за постапување со бесправно изградени објекти, при што за само едно евро за метар квадратен можат да ги легализираат дивоградбите. 

27.03.2012 |

7-ма традиционална Априлијада во Општина Илинден!

По повод Денот на шегата, во организација на Општина Илинден,  на 1 Април 2012 година (недела), со почеток во 10 часот, пред спортската сала „Гоце Делчев“ ќе се одржи традиционалната седма по ред Априлијада.

Дистрибуирани решенијата за данок на имот за 2012 година

Општина Илинден ги дистрибуираше решенијата за данок на имот за 2012 година до 4.483 даночни обврзници. За разлика од минатата година, овој пат решенијата за данок на имот беа дистрибуирани директно на рака, за што беа ангажирани вработените во општинската администрација. Овој начин на дистрибуција на решенијата беше воведен со цел навремена достава на решенијата, како и ажурирање на базата на податоци и директно информирање на граѓаните.

22.03.2012 |

Одбележан 22 Март-Светски ден на водата

Во организација на Асоцијацијата на даватели на комунални услуги на Република Македонија, во Хотел Континентал на пригоден начин беше одбележан 22 Март-Светскиот ден на водата.

Во својство на претседател на Комисијата за комунални дејности при ЗЕЛС, на присутните им се обрати градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, кој се осврна на значењето на водата за живиот свет на нашата планета.

22.03.2012 |

Буџет на Општина Илинден за 2012 година

Буџетот на Општина Илинден за 2012 година е усвоен на 41-та Седница на Советот на Општина Илинден и ги содржи планираните приходи на буџетот за 2012 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2012 година. 

Општина Илинден ќе понуди 500 парцели за изградба на семејни куќи

Општина Илинден планира годинава на површина од 28 хектари да понуди за продажба 500 парцели за изградба на семејни куќи. На овој начин, преку електронско наддавање со почетна цена од 1 евро, петстотини семејства ќе можат да дојдат до сопствен дом. Во моментов се работи на подготвување на теренот, како и на потребната техничка документација.

16.03.2012 |

“На кафе со нашиот Градоначалник“ во Ајватоци

Реализацијата на Проектот на Општина Илинден “На кафе со нашиот Градоначалник“, продолжи во н.м. Ајватовци каде што Градоначалникот Жика Стојановски, во Домот на културата имаше кафе-средба со повеќемина жители. На средбата, во неврзан разговор беа разменети мислења за актуелните состојби во Општината и посебно во ова населено место. 

14.03.2012 |

Презентација - Можности за инвестирање

Во насока на продолжување и интензивирање на економскиот раст и развој на Општина Илинден се организираше Форумот за Локален Економски развој на Општината, каде што пред присутните стопанственици се презентираше 3Д анимација за можности за инвестирање во Општина Илинден.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013