Prijavi problem

Ние инвестираме во Македонија!

12.04.2012 |

Министерот Миле Јанакиески ја посети Општина Илинден

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ја посети Општина Илинден, при што што врачи 20 решенија за легализација на бесправно изградените објекти. Повод за посетата беше издавањето на илјадитото решение за легализација на бесправно изградените објекти во Општина Илинден.

27.04.2012 |

Изграден дренажен канал со кој жителите на Бујковци ќе се спасат од досегашните поплавувања

Со изградба на дренажен канал, Општина Илинден го реши долгогодишниот проблем што го имаа жителите на населеното место Бујковци со честите поплавувања на имотите и домаќинствата.

Дренажниот канал во должина од 600 метри што се протега на границата меѓу населеното место Бујковци и Рафинеријата на нафта Окта директно придонесува за зафаќање и одведување на високите подземни и атмосферските води.

12.04.2012 |

Успешно реализирана Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”

Општина Илинден успешно ја реализираше традиционалната 6-та година по ред  Манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце-симбол на Христовото Воскресение”.

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден, а во знак на 2012 Лето Господово, учениците од основните училишта, како и дечињата од градинката украсија 2012 Велигденски јајца им ги поделија на сите учесници во манифестацијата што подараија книги.

Министерот Миле Јанакиески во посета на Општина Илинден

На 12.04.2012 година (четврток) во посета на Општина Илинден ќе престојува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

На средбата со градоначалникот Жика Стојановски, министерот Јанакиески ќе биде запознаен со реализацијата на процесот за легализација на бесправно изградените објекти, како и за активностите во Општина Илинден по преземањето на овластувањето од Министерството за транспорт и врски за управување со државното градежно неизградено земјише.

12.04.2012 |

Почна 6-та традиционална Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”.

Почна  6-та традиционална Манифестација под мото „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”

Ве покануваме да учествувате во манифестацијата и со донирање на книги заедно да придонесеме децата од Општина Илинден да имаат побогат книжевен фонд во училишните библиотеки.

12.04.2012 |

Учениците и децата од градинката масовно се вклучија во проектот „Садница плус“

Учениците од основните училишта „Гоце Делчев“, „Браќа Миладиновци“ и „Ристо Крле“, како и дечињата од градинката „Гоце Делчев“ од Општина Илинден, масовно се вклучија во реализацијата на проектот „Садница плус“, што се остварува во рамките на програмата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.

11.04.2012 |

Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”

Општина Илинден, традиционалнo 6-та година по ред ја организира Манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце-симбол на Христовото Воскресение”.

09.04.2012 |

Одбележан Светскиот ден на здравјето

По повод Светскиот ден на здравјето 7 Април, Општина Илинден организираше одбележување на овој ден преку запознавање на учениците од основните училишта од подрачјето на Општината со значењето на здравјето, здравата исхрана и пред се значењето на водата за опстанокот на човекот.

05.04.2012 |

Наградени најдобрите литературни и ликовни творби на тема „Училиште без насилство“

Одбележувајќи го Месецот на борба против насилството, основните училишта од подрачјето на Општина Илинден, под покровителство на Општината, распишаа конкурс за најдобра литературна и ликовна творба на тема „Училиште без насилство“.

02.04.2012 |

7-мата традиционална Априлијада најпосетена!

 

Bо организација на Општина Илинден, во спортската сала “Гоце Делчев во населба Илинден, се одржа традиционалната седма по ред Априлијада. 

Студеното и дождливо време не беше пречка стотици ученици од основните училишта “Браќа Миладиновци“, “Гоце Делчев“, “Ристо Крле“, како и дечињата од градинката “Гоце Делчев“ со своите вистина иновативни маски, да продефилираат во спортската сала.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013