Prijavi problem

Инвестициските патишта водат кон Општина Илинден

Изветсување - Отворени денови на Општина Илинден

Почитувани,
Ве известуваме дека Отворените денови на Општина Илинден се реализираат секој Петок од 13:00 до 16:00 часот. Сите заинтересирани граѓани во овој термин ќе можат да остварат средба со стручните служби на Општината, со директорите на јавните претпријатија и со градоначалникот. На средбите граѓаните ќе можат да ги посочат своите проблеми, да ги презентираат своите идеи, предлог проекти, како и да покренат нови иницијативи.

31.10.2016 |

Од почетокот на годината исчистени 53 километри од каналската мрежа во Општина Илинден

Како дел од Проектот за чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали во Општина Илинден, од почетокот на годината досега исчистени се 53 километри од каналската мрежа, што е за 7 километри повеќе од планираните 46 километри за 2016 година.

Известување Акција за собирање на облека „Да ја покажеме хуманоста на дело“

Ве известуваме дека Општина Илинден организира Хуманитарна акција за собирање на облека „Да ја покажеме хуманоста на дело“, која што ќе се одржи во периодот од   27-30 октомври 2016 година, во сите населени места во Општина Илинден.Акцијата ќе се одвива во Домовите на култура во период од 10-18 часот.

27.10.2016 - 09:58 | Галерии

Изложба на карикатури и концерт на ансамблот „Серенада” во Домот на култура „Илинден“

Во Домот на култура „Илинден“ отворена е изложба на карикатури што се дел од светскиот Фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, што традиционално секоја година го организира Домот на култура „Тошо Арсов“ од Виница. Изложбата ја отворија ...

Концерт на ансамблот „Серенада”, во Домот на култура „Илинден“

На 26.10.2016 година (среда) со почеток во 19:00 часот во Домот на култура „Илинден ќе се одржи концерт на ансамблот за староградски песни„Серенада, од Виница. Ансамблот „Серенада” кој веќе 8 години функционира при Домот на култура „Тошо Арсов” во Виница, е составен од академски музичари и музичари аматери.

23.10.2016 |

Со положување цвеќе пред споменикот на војводата Аџаларски одбележан Денот на македонската револуционерна борба

По повод одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба делегација на Општина Илинден предводена од градоначалникот Жика Стојановски положи свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци.

Известување за измена на режимот на сообраќај на локалниот пат Кадино-Бунарџик

На 21.10.2016 година (петок)  со почеток од 9:00 часот, поради санација, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат на влезот во населено местоБунарџик.

18.10.2016 |

Се одржа Втората работилница за изработка на „Стратегија за интегриран развој на Општина Илинден за периодот 2017-2021 година“

Во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“ се одржа Втората работилница во рамките на реализацијата на проектот за изработка на „Стратегија за интегриран развој на Општина Илинден за периодот 2017-2021 година“, што Општината ја изработува во соработка на ОБСЕ-Мисијата во Скопје, на која воведен збор имаше градоначалникот Жика Стојановски.

Соопштение

Врз основа на член 22 од Законот за локалнатa самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр.5/02), член 51 став 10 и член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.М. бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16 и бр.163/16), Градоначалникот на општина Илинден го дава следното

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013