Prijavi problem

Буџетски форум во општина Илинден

НАЦРТ ИЗВЕШТАЈ ЗА СОЖС ЗА УРБАН БЛОК 18 ОПШТИНА ИЛИНДЕН

Градоначалникот на Општина Илинден

ОБЈАВУВА

 

Во согласност со член 50-а од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр.51/2005, бр.137/2007, бр.91/2009, 124/2010, 18/2011 и 53/2011) и Годишна програма за изработка на Урбанистички планови на подрачјето на општина Илинден за 2012 година бр.07-7936/4 од 28.12.2011 година е подготвен :

Повик за учество - Предлози на имиња за објекти од локално значење

 

ВРЗ ОСНОВА НА ЧЛЕН 79 ОД СТАТУТОТ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН (СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН БРОЈ 15/2010), ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН ОБЈАВУВА 

СООПШТЕНИЕ

ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ИМИЊА НА ОБЈЕКТИ ОД ЛОКАЛНО ЗНАЧЕЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН 

 

05.07.2012 |

Во Модуларното училиште се одржа Обука на невработени лица во Општина Илинден

 

Во организација на Општина Илинден во новоотвореното Модуларно училиште се одржa обука на невработени лица, на која учествуваа стотина млади луѓе од Општината. Во рамките на одличната соработка на Општина Илинден со бизнис секторот, обуката ја извршија врботени во компанијата „Џонсон Мети“, а на присутните успешна работа им посака градоначалникот Жика Стојановски.

Обуката имаше за цел да им помогне на младите невработени како да ги зголемат шансите за вработување, односно да им се објасни начинот на кој се подготвуваат кратките биографии, како и потребната постапка при вработување.

 

05.07.2012 |

Во Домот на култура во нм. Бујковци се одржа Советување на тема „Легализација на дивоизградени објекти”

Во организација на Општина Илинден, во Домот на култура во нм. Бујковци се одржа советување на тема „Легализација на дивоизградени објекти”.

На советувањето граѓаните од ова населено место имаа средба со градоначалникот Жика Стојановски и стручните служби од општинската администрација, на која директно можеа да се запознаат со постапките и чекорите за легализација на своите објекти, како и да се информираат за разрешување на проблемите што произлегуваат од досегашната имплементација на Законот  за постапување со бесправно изградени објекти.

Заеднички да придонесеме за побогата, помоќна и поубава општина!

Данокот на имот претставува основен извор на финансирање  кои општината самостојно го прибира од граѓаните и правните субјекти на територија на Општина Илинден.

Со исполнување на Вашата законска обврска за плаќање на данокот на имот, придонесувате за реализација на буџетот и реализација на планираните проектни активности.

Советување на тема „Легализација на дивоизградени објекти” во нм. Бујковци

На 04.07.2012 година (среда) со почеток во 11.00 часот, во Домот на култура во нм.Бујковци ќе се организира советување на тема „Легализација на дивоизградени објекти”.

Обука на невработени лица во Општина Илинден

 

Во организација на Општина Илинден на 04.07.2012 година (среда) со почеток во 13 часот, во новоотвореното Модуларно училиште ќе се одржи обука на невработени лица.

Во рамките на успешната соработка на Општина Илинден со бизнис секторот, обуката ќе ја извршат врботените во компанијата „Џонсон Мети“.

 

02.07.2012 |

Стратешки план за ЛЕР на Општина Илинден 2012-2016 година

Општина Илинден во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје, го изработи новиот Стратешки план за Локален економски развој за периодот 2012-2016 година, што имате можност да го преземете од нашиот веб сајт.

Две пречистителни станици за прифаќање и третман на отпадни фекални води во Илинден и Кадино

Општина Илинден распиша тендер за набавка на две пречистителни станици за прифаќање и третман на отпадни фекални води. Двете пречистителни станици ќе бидат инсталирани во населените места Илинден и Кадино, со што ќе се пуштат во функција уште два сегмента од канализациониот систем. 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013