Prijavi problem

Ние навиваме за Македонија!

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за Урбанистички план вон населено место Илинден ,УБ 5 – измена и дополна

Врз основа на член 65 став 6 и став 8 од Законот за животна средина                       (Сл.весник на Р.М. бр.53/05, бр.81/05, бр.24/07, бр.159/08, бр.83/09, бр.48/10, бр.124/10 и бр.51/11), Градоначалникот на Општина Илинден на ден ________2012 година,  донесе:

О Д Л У К А

за неспроведување на стратегиска оцена за Урбанистички план вон населено место  Илинден  ,УБ 5 – измена и дополна 

Одлука за спроведување на стратегиска оцена Уб1

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11), Општина Илинден, на ден 17.04.2012 година, донесе 

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

07.05.2012 |

Бесплатни лекарски прегледи

На 8 мај 2012 година (вторник), во периодот од 08.00 до 13.00 часот, Општина Илинден во соработка со ПЗУ Д-Р Апостолска организира Бесплатни лекарски прегледи за сите граѓани на Општината што сакаат да го проверат своето здравје.

Прегледите ќе се вршат во амбулантата на ПЗУ Д-Р Апостолска во населено место Марино, како и амбулантата на ПЗУ Д-Р Апостолска на патот меѓу Кадино и Мралино.

07.05.2012 |

Стартуваше Хуманитарната акција за собирање на облека и стара хартија „Да ја покажеме хуманоста на дело“

Oпштина Илинден почна со реализација на Хуманитарната акција за собирање на облека и стара хартија  „Да ја покажеме хуманоста на дело“, која што ќе трае до 13 мај 2012 година, во сите населени места во Општината. Хуманитарната помош ќе биде наменета за семејствата соочени со соодветен социјален ризик.

04.05.2012 |

"Tortiljada" in der Schule Ritso Krle

 

In der Allgemein Schule "Risto Krle" in der Ortschaft Kadino, fand zum dritten mal die jährliche "Tortiljada" statt.

Die Schüler verkauften hierbei ihre leckere Kreationen, die Einnahmen werden für die Schule verwendet die so jedes Jahr durch diese Aktion kleinere Projekte finanzieren kann.

 

Акција за собирање на облека и стара хартија „Да ја покажеме хуманоста на дело“

Ве известуваме дека Општина Илинден организира Хуманитарна акција за собирање на облека и стара хартија  „Да ја покажеме хуманоста на дело“, која што ќе се одржи во периодот од 07-13 мај 2012 година, во сите населени места во Општина Илинден.

Акцијата ќе се одвива во Домовите на култура во период од 08-20 часот каде што ќе бидат поставени соодветни садови за собирање на облека и хартија. 

12.04.2012 |

Министерот Миле Јанакиески ја посети Општина Илинден

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ја посети Општина Илинден, при што што врачи 20 решенија за легализација на бесправно изградените објекти. Повод за посетата беше издавањето на илјадитото решение за легализација на бесправно изградените објекти во Општина Илинден.

27.04.2012 |

Изграден дренажен канал со кој жителите на Бујковци ќе се спасат од досегашните поплавувања

Со изградба на дренажен канал, Општина Илинден го реши долгогодишниот проблем што го имаа жителите на населеното место Бујковци со честите поплавувања на имотите и домаќинствата.

Дренажниот канал во должина од 600 метри што се протега на границата меѓу населеното место Бујковци и Рафинеријата на нафта Окта директно придонесува за зафаќање и одведување на високите подземни и атмосферските води.

12.04.2012 |

Успешно реализирана Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”

Општина Илинден успешно ја реализираше традиционалната 6-та година по ред  Манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце-симбол на Христовото Воскресение”.

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден, а во знак на 2012 Лето Господово, учениците од основните училишта, како и дечињата од градинката украсија 2012 Велигденски јајца им ги поделија на сите учесници во манифестацијата што подараија книги.

Министерот Миле Јанакиески во посета на Општина Илинден

На 12.04.2012 година (четврток) во посета на Општина Илинден ќе престојува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

На средбата со градоначалникот Жика Стојановски, министерот Јанакиески ќе биде запознаен со реализацијата на процесот за легализација на бесправно изградените објекти, како и за активностите во Општина Илинден по преземањето на овластувањето од Министерството за транспорт и врски за управување со државното градежно неизградено земјише.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013