Prijavi problem

Инвестициските патишта водат кон Општина Илинден

ИЗВЕСТУВАЊЕ - ЈКП „ВОДОВОД“ ИЛИНДЕН

 Поради вонредната состојба од високите температури, има недостиг од вода за пиење. Затоа Ве известуваме за совесно користење на истата (за пиење и неопходни санитарни потреби) односно 

СЕ ЗАБРАНУВА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА ОД ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ ЗА ПОЛЕВАЊЕ НА ТРЕВНИЦИ, БАВЧИ И ДРУГИ ПОВРШИНИ.

Оние корисници кои ненаменски ја користат водата 

ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧЕНИ ОД ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ. 

Спортски викенд “Илинден 2011“

Под мотото “Ние навиваме за Македонија“, а по повод патрониот празник 2-Август Илинден и јубилејната 15-ет годишнина од постоењето, Општина Илинден на 23 и 24 јули годинава го организира традиционалниот Спортски викенд “Илинден 2011“. 

Во рамките на овогодинешниот Спортски викенд ќе се одржи велосипедска трка, шаховски турнир, како и турнир во голем фудбал и баскет.

Предавање во употреба на Домот на културата во Бујковци

 На 20.07.2011 (среда) со почеток во 19.30 часот на свечен начин ќе биде предаден во употреба реконструираниот Дом на културата во населеното место Бујковци. 

Меморијален турнир во баскет “Кадино 2011“

 Од 19 јули до 02 август во населеното место Кадино ќе се одржи традиционалниот меморијален турнир во баскет “Кадино 2011“. Овој турнир веќе деветта година по ред се организира во чест на трагично загинатите четири момчиња, Иво Богдановски-Манце, Горан Филиповски-Пица, Николче Богдановски-Лафи и Дејан Стаменковски-Шиљо, кои што настрадаа во сообраќајната несреќа што се случи на 19.01.1997 година.

Објавен новиот број на Општинскиот Информатор „Илинден“

 Општина Илинден го објави следниот примерок на Општинскиот Информатор „Илинден“, кој веќе се објавува трета година по ред.

Насловни теми во бројот Јули 2011 година:

  • Предадени во употреба три домови на културата
  • Општината доби меѓународно признаен кредитен рејтинг
  • Меѓународна литературна манифестација „Илинден 2011“
  • Свечено отворено новото помошно фудбалско игралиште во Кадино
  • Предадени во употреба шест нови улици во н.м. Марино
13.07.2011 |

Показна вежба “Да ги заштитиме шумите од пожари“

 Во организација на Општинскиот противпожарен сојуз “Илинден“, на просторот пред Домот на културата во н.м. Мршевци се одржа обука–показна вежба под мотото “Да ги заштитиме шумите од пожари“.

05.07.2011 |

Поддршка од УСАИД за капиталниот проект “10 Домови на културата“

 Во соработка со УСАИД, Општина Илинден почна со опремување на реконструираните домови на културата во рамките на реализацијата на капиталниот проект “10 Домови на културата“. Досега комплетно се реконструирани и предадени во употреба домовите на културата во Кадино, Мршевци и Бучинци, при крај е реконструкцијата на домовите на културата во Бујковци и Текија, а наскоро ќе почне санацијата и реконструкцијата и на домовите на културата во Ајватовци, Бунарџик, Дељадровци и Мралино. Истовремено, во тек е и изградбата на новиот дом на културата во нас. Илинден.

Нов софтвер за енергетска ефикасност и мониторинг за јавни објекти

 Општина Илинден во соработка со УНДП и Министерството за животна средина и просторно планирање  го реализира проектот за употреба на новиот софтвер за енергетска ефикасност и мониторинг на јавните објекти.

29.06.2011 |

Предаден во употреба нов деловен објект на “Униор комерц“

 Во присуство на голем број деловни партнери и гости, во Општина Илинден на свечен начин беше предаден во употреба новиот деловен објект на “Униор комерц“. Станува збор за деловен објект со три нивоа, со површина од околу 1.300 метри квадратни, во кој се наоѓа продажен салон на површина од 380 метри квадратни, магацински простор од околу 400 метри квадратни, како и административен дел и сала за состаноци. Вкупната инвестиција е 1,5 милиони евра, а во новите простории се вработени 14 лица.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013