Prijavi problem

Инвестициските патишта водат кон Општина Илинден - Отчет 2013-2017

14.10.2011 |

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Илинден и ОБСЕ

 Општина Илинден и мисијата на ОБСЕ потпишаа Меморандум за соработка со кој ОБСЕ ќе ја поддржи изработката на Стратешкиот план за локален економски развој на Општина Илинден за периодот 2012-2016 година, како и ревидирање на профилот на Општината. 

Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и амбасадорот на ОБСЕ во Република Македонија, Наталија Дрозд. 

14.10.2011 |

Реконструиран локалниот пат Марино-Кадино во должина од 2 километра

 Согласно предвидената динамика, Општина Илинден продолжува со санација и реконструкција на локалните улици и патишта. Kомплетно е саниран и покриен со нов слој асфалт локалниот пат Марино-Кадино, во должина од 2 километра. Крај патот со широчина од пет метри во тек е изградба на банкини со широчина од 70 сантиметри, по што ќе следува обележување на коловозот со хоризонтална сигнализација.

10.10.2011 |

Санација на коловозот и изградба на тротоари на ул.“8“ во нас. Илинден

 Согласно Програмата за изградба, санација и реконструкција на локалната патна инфраструктура, Општина Илинден продолжува со надградба, тампонирање и асфалтирање на локалните патишта и улици. Реализирајќи ги предвидените градежни активности извршена е санација и асфалтирање на дел од улица “8“ во населба Илинден.

Стратегија за модернизирање и забрзување на постапките за издавање Одобренија за градење и интегрирано управување со податоци

 Почитувани,

во прилог Ви ја доставуваме „Стратегијата за модернизирање и забрзување на постапките за издавање Одобренија за градење и интегрирано управување со податоци“

04.10.2011 |

Асфалтирани три улици во Марино

 Согласно Програмата за санација и реконструкција на локалните патишта и улици, Општина Илинден изврши асфалтирање на улиците „502“ „504“ и „505“ во населеното место Марино, кои беа претходно раскопани заради поставувањето на приклучоци за фекалната канализација во ова населено место.

Општина Илинден самостојно ќе управува со државното градежно неизградено земјиште

 Со Одлука на Владата на Република Македонија, Општина Илинден го презема овластувањето од Министерството за транспорт и врски за управување со државното градежно неизградено земјиште. Само уште седум општини во Република Македонија (Берово, Кочани, Пробиштип, Штип, Гевгелија, Битола и Демир Капија) добија можност самостојно да менаџираат со државното градежно неизградено земјиште.

28.09.2011 |

Асфалтиран локалниот пат Кадино-Бунарџик

 Реализирајќи ги предвидените градежни активности, согласно Програмата за изградба, санација и реконструкција на локалната патна инфраструктура, Општина Илинден изврши комплетна реконструкција и асфалтирање на локалниот пат Кадино-Бунарџик. Станува збор за делница во должина од 740 метри и широчина од 5 метри, со чија санација се овозможува далеку побезбедно одвивање на сообраќајот на овој прометен локален пат.

Дистрибуција на Водич за попис на населението, домаќинствата и становите

 Со цел што подобро да ги запознае граѓаните со постапката за реализација на најобемното и најмасовното статистичко истражување што го спроведува државата на секои 10 години, Општина Илинден до своите жители почна со дистрибуција на Водич за попис на населението, домаќинствата и становите.

22.09.2011 |

Противпожарна вежба на Штабот за заштита и спасување при Општина Илинден

Штабот за заштита и спасување при Општина Илинден, во соработка со Противпожарното друштво “Пастор лукс“, во кругот на Општината, изведе показна вежба за употребата на противпожарните апарати во случај на пожар.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013