Prijavi problem

Инвестициските патишта водат кон Општина Илинден

Стратешки план за Локален економски развој нацрт верзија

Почитувани граѓани,

во прилог Ви е доставена нацрт стратешкиот план за Локален економски развој на општина Илинден за периодото од 2012 до 2016 година.

09.12.2011 |

ПРЕДЛОГ БУЏЕТ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН За 2012 година

Предлог Буџетот на Општина Илинден година ги содржи планираните приходи на буџетот за 2012 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2012 година. 

Нова странска директна инвестиција (СДИ) од Холандија во висина од 2 милиона евра во Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски потпиша договор со претставниците на фирмата Хавеп Импех од Холандија, која што по пат на електронско јавно наддавање за оттуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, стана сопственик на парцела од 7.239 метри квадратни во населеното место Кадино.

Реализација на проектот “Енергетска ефикасност во јавните општински установи“

 Општина Илинден во соработка со Светска банка успешно го реализира проектот “Енергетска ефикасност во јавните општински установи”.

Енергетската ефикасност се реализира преку инсталирање централен систем за греење и ладење со геотермални топлински пумпи, каде што е применет принципот на енергетски ефикасен систем за греење со користење обновливи алтернативни извори на енергија.

28.11.2011 |

Општина Илинден на ЗЕЛС ЕКСПО 2011

 Фото: Општина Илинден на ЗЕЛС ЕКСПО 2011

28.11.2011 |

Успешно реализирана традиционалната осма по ред акција за пошумување “Ден на дрвото-засади ја својата иднина“

 Под мотото “Садиме денес-пишуваме и праќаме писмо на мирот“, на 23.11.2011 година на тероиторијата на Република Македонија успешно се реализираше традиционалната осма по ред есенска акција за пошумување “Ден на дрвото-засади ја својата иднина“. Притоа, на 400 локации низ цела Македонија беа засадени 5,7 милиони садници.

25.11.2011 |

Општина Илинден на ЗЕЛС ЕКСПО 2011 саем на општините

  Општина Илинден и ова година учествува на саемот на локалните самоуправи на Ребулика Македонија ЗЕЛС ЕКСПО 2011. 

Саемот се одржува на 25 и 26 ноември во скопскиот саем.

Општина Илинден, на овој саем посветен на локалниот економски развој се претставува на штанд бр. 142.

23.11.2011 |

Се креира Буџетот на Општина Илинден за 2012 година во соработка со месните заедници

 Во рамките на креирањето и планирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2012 година, градоначалникот Жика Стојановски оствари работни средби со членовите на сите 12 месни заедници на подрачјето на Општината.

На средбите, членовите на локалните месни заедници ги посочија приоритетните проекти во нивните населени места, за кои е потребно да се планирааат средства во Буџетот за 2012 година.

Привршува изградбата на Домот на културата во Илинден

 Општина Илинден интензивно работи на рализација на капиталниот проект “10 Домови на културата“, во чии рамки во завршна фаза е изградбата на новиот Дом на културата во населба Илинден. Овој модерен објект, што се гради според сите светски стандарди, а во иднина ќе биде средиште на најзначајните културни збиднувања во Општината, го добива својот конечен лик. 

22.11.2011 |

Изградба на тротоари на улица “8“ во населба Илинден

 Согласно Програмата за изградба, санација и реконструкција на локалната патна инфраструктура, Општина Илинден продолжува со надградба, тампонирање и асфалтирање на локалните патишта и улици. Реализирајќи ги предвидените градежни активности по извршената санација и асфалтирање на дел од улица “8“ во населба Илинден, во завршна фаза е изградбата на тротоари на истата улица.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013