Prijavi problem

Инвестициските патишта водат кон Општина Илинден - Отчет 2013-2017

28.11.2011 |

Општина Илинден на ЗЕЛС ЕКСПО 2011

 Фото: Општина Илинден на ЗЕЛС ЕКСПО 2011

28.11.2011 |

Успешно реализирана традиционалната осма по ред акција за пошумување “Ден на дрвото-засади ја својата иднина“

 Под мотото “Садиме денес-пишуваме и праќаме писмо на мирот“, на 23.11.2011 година на тероиторијата на Република Македонија успешно се реализираше традиционалната осма по ред есенска акција за пошумување “Ден на дрвото-засади ја својата иднина“. Притоа, на 400 локации низ цела Македонија беа засадени 5,7 милиони садници.

25.11.2011 |

Општина Илинден на ЗЕЛС ЕКСПО 2011 саем на општините

  Општина Илинден и ова година учествува на саемот на локалните самоуправи на Ребулика Македонија ЗЕЛС ЕКСПО 2011. 

Саемот се одржува на 25 и 26 ноември во скопскиот саем.

Општина Илинден, на овој саем посветен на локалниот економски развој се претставува на штанд бр. 142.

23.11.2011 |

Се креира Буџетот на Општина Илинден за 2012 година во соработка со месните заедници

 Во рамките на креирањето и планирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2012 година, градоначалникот Жика Стојановски оствари работни средби со членовите на сите 12 месни заедници на подрачјето на Општината.

На средбите, членовите на локалните месни заедници ги посочија приоритетните проекти во нивните населени места, за кои е потребно да се планирааат средства во Буџетот за 2012 година.

Привршува изградбата на Домот на културата во Илинден

 Општина Илинден интензивно работи на рализација на капиталниот проект “10 Домови на културата“, во чии рамки во завршна фаза е изградбата на новиот Дом на културата во населба Илинден. Овој модерен објект, што се гради според сите светски стандарди, а во иднина ќе биде средиште на најзначајните културни збиднувања во Општината, го добива својот конечен лик. 

22.11.2011 |

Изградба на тротоари на улица “8“ во населба Илинден

 Согласно Програмата за изградба, санација и реконструкција на локалната патна инфраструктура, Општина Илинден продолжува со надградба, тампонирање и асфалтирање на локалните патишта и улици. Реализирајќи ги предвидените градежни активности по извршената санација и асфалтирање на дел од улица “8“ во населба Илинден, во завршна фаза е изградбата на тротоари на истата улица.

Известување за Ден на дрво - засади ја својата иднина

 Општина Илинден активно е вклучена во сите досегашни акции за пошумување во рамките на проектот „ Ден на дрво- засади ја својата иднина” подржувач е на сите досегашни акции и активно е вклучена во подготвките и координациите на активностите поврзани со истата.

21.11.2011 |

Интензивно се гради првото Средно училиште во Општина Илинден

Согласно предвидената динамика интензивно течат градежните активности за реализација на прокетот Изградба на средно училиште во Општина Илинден.

Изградбата на ова училиште се врши со поставување на модуларни елементи кои се составени од највисока класа на еколошки вградени материјали од кои 99% од нив се рециклабилни,како и воедно ги исполнуваат највиските стандарди во делот на енергетска ефикасност и заштеда на енергија. 

Отпочна реконструкцијата на Домот на Култура во населено место Дељадровци

 Општина Илинден продолжува со реализација на капиталниот проект “10 Домови на културата“, при што како дел од проектот интензивно се работи на целоснта реконструкција и санација на 7–от Дом на Култура кој се наоѓа во населеното место Дељадровци.

Со реализацијата на овој проект 530 жители од н.м Дељадровци ќе имаат свој простор за одржување на средби, состаноци, манифестации и канцеларија за функционирање на локалната месна заедница. 

20.11.2011 |

Пуштен во употреба Домот на културата во Текија

Во населеното место Текија на свечен начин беше пуштен во употреба реконструираниот  и дограден Дом на културата. Пред поголем број граѓани, Домот на културата во употреба го предадоа градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски и претседателот на Советот на Општината, Марјан Милошевски. 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013