Prijavi problem

Ние инвестираме во Македонија!

Известување: Извештај за стратегиска оцена на животната средина

 Врз основа на спроведена постапка за стратегиска оцена на животната средина, и спроведена постапка учество на јавноста, Министерството за животна и просторно планирање дава позитивно мислење по содржината и обемот на документот, по доставениот Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Проект за инфраструктура за изградба на гасовод од ТИРЗ Скопје 1 до касарна Страшо Пинџур Скопје, КО Бунарџик, КО Миладиновци и КО Кадино-Општина Илинден.

04.11.2011 |

Изработка на Стратешки план за ЛЕР на Општина Илинден

 Oпштина Илинден во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје, почна со реализација на проектот за изработка на нов Стратешки план за Локален економски развој за периодот 2012-2016 година, како и за изработка на Профил на Општината.

Работилница за изработка на Стратешки план за ЛЕР на Општина Илинден

Општина Илинден во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје, почна со реализација на проектот за изработка на нов Стратешки план за Локален економски развој за периодот 2012-2016 година, како и за изработка на Профил на Општината.

31.10.2011 |

Осветена црквата “Покров на Пресвета Богородица” во Мралино

 Во населеното место Мралино, во присуство на голем број верници, на свечен начин беше осветена црквата “Покров на Пресвета Богородица”. Осветувањето го изврши Архиепископот Охридски и Македонски, Неговото блаженство г.г. Стефан.

26.10.2011 |

Претседателот Ѓорге Иванов ја посети Оштина Илинден

 Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја посети Оштина Илинден. Тој се сретна со Градоначалникот Жика Стојановски, како и со Форумот за локален економски развој на Општина Илинден, на кој разговараше со триесеттина стопанственици. 

По средбата Претседателот Иванов ја посети првата еко-куќа во нашата земја, во населеното место Кадино, каде што со сопственикот разговараше за можностите на овој енергетски независен објект со изградена сончева централа.

26.10.2011 |

Поставен камен темелник на Модуларно средно и основно училиште во Општина Илинден

 Во Општина Илинден, во присуство на поголем број граѓани, на свечен начин беше поставен камен темелник на првото Модуларно средно и основно училиште.

Камен темелникот го поставија министерот за образование и наука Панче Кралев, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и амбасадорот на Република Словенија, Ален Брајан Бергант, додека чинот на осветување го изврши Архиепископот Охридски и Македонски, Неговото Блаженство г.г Стефан.

Известување и Покана за поставување на камен темелник на Модуларното училиште

 Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека на ден 23.10.2011 година (недела) со почеток во 13:30 часот ќе се изврши поставување на камен темелник на Модуларното средно и основно училиште.

Камен темелникот ќе се постави во присуство на Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, додека чинот на осветување ќе го изврши Неговото Блаженство   г.г Стефан.

19.10.2011 |

Реконструиран локалниот пат Илинден-Хиподром во должина од 1.880 метри

 Општина Илинден во соработка со Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни патишта го реализираше проектот реконструкција на локалниот пат Илинден-Хиподром.

18.10.2011 |

Нов број на Општинскиот Информатор „Илинден“

  Општина Илинден со чест го објавува следниот примерок на Општинскиот Информатор „Илинден“. Печатената форма веќе се објавува и дистрибуира три година по ред.

 Насловни теми во бројот септември 2011 година:

Интензивна изградба на патната инфраструктура | Училиштата подготвени пречекаа 2.000 ученици | Одбележан Денот на Општината и 15 годишнината од постоењето | Министерот Кралев и вицепремиерот Пешевски во посета на Општината

 

14.10.2011 |

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Илинден и ОБСЕ

 Општина Илинден и мисијата на ОБСЕ потпишаа Меморандум за соработка со кој ОБСЕ ќе ја поддржи изработката на Стратешкиот план за локален економски развој на Општина Илинден за периодот 2012-2016 година, како и ревидирање на профилот на Општината. 

Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и амбасадорот на ОБСЕ во Република Македонија, Наталија Дрозд. 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013