Prijavi problem

Инвестициските патишта водат кон Општина Илинден - Отчет 2013-2017

Објава - градежно земјиште за отуѓување во тек, јануари-февруари 2012

ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на А1-семејно домување во станбени куќи

26.01.2012 |

Жителите на Бујковци “На кафе со нашиот Градоначалник“

Реализацијата на Проектот на Општина Илинден “На кафе со нашиот Градоначалник“, по населеното место Бучинци, продолжи во н.м. Бујковци. 

Во реконструираниот Дом на културата во ова населено место Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски имаше кафе-средба со повеќе жители, на која во пријатна атмосфера и неврзан разговор беа разменети мислења за актуелните состојби во Општината и посебно во ова населено место.

Известување: прекин на напојување со електрична енергија

Регионалниот Центар за Управување со Кризи на Град Скопје ги известува граѓаните дека поради изведување одредени технички инвестициони зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа од страна на ЕВН Македонија, денес четврток 26.01.2012 г., во време од 9,30 до 11 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од населените места: Миладиновци, Дељадровци, Бучинци, Мршевци и Бујковци.

25.01.2012 |

“На кафе со нашиот Градоначалник“

Со цел поголема транспарентност и отворена комуникација со граѓаните, Општина Илинден почна со реализација на Проектот “На кафе со нашиот Градоначалник“.

СООПШТЕНИЕ

 

Се известуваат граѓаните и правните лица од планскиот опфат на Проектот за инфраструктура за изградба на канали за одведување отпадни води (атмосферски води и пречистени отпадни води од фекална канализација) од Технолошка индустриска развојна зона ТИРЗ Скопје1- Бунарџик, КО Бунарџик, КО Кадино и КО Миладиновци, општина Илинден дека:

20.01.2012 |

Марио Димитријевски најсреќен меѓу 58 верници што скокнаа по Богојавленскиот крст за Водици во Општина Илинден

 

Шеснаесетгодишниот Марио Димитријевски беше најсреќниот меѓу 58 верници кои скокнаа по Богојавленскиот крст, што за големиот христијански празник Водици беше фрлен во водите на езерото на хотелот Бест Вестерн Белви, во Општина Илинден.

Оваа манифестација традиционално по четврти ја организираше Општина Илинден во соработка со свештениците од црквата “Свети Константин и Елена“.

Бесплатен безжичен интернет во Општина Илинден

Општина Илинден на својата територија ќе воспостави 12 “wi-fi “ зони во сите свои населени места, со слободен пристап на безжичен интернет. Овие зони, на кои граѓаните ќе можат да користат бесплатен интернет ќе бидат лоцирани во новите и реконструирани домови на културата во населените места што беа опфатени со капиталниот проект “10 Домови на културата“.

План за јавни набавки 2012 година

 Општина Илинден го објавува годишниот План за јавни набавки во 2012 година во електронска форма.

Соларна електрана во Општина Илинден

Во Општина Илинден ќе почне да се гради соларна електрана со снага од 1 MW. 

На последното јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено земјиште во Општина Илинден, продадена е парцела со површина од 20.000 метри квадратни за изградба на соларна електрана. Станува збор за парцела во населеното место Ајватовци, на која ќе биде изградена соларна електрана со снага од 1 MW. 

Водици 2012: традиционално по 4-ти пат фрлање на крстот во Илинден

Општина Илинден по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со свештените лица од црквата „Св. Константин и Елена“ во населба Илинден, ќе oрганизира фрлање на крстот во езерото на хотел Бест Вестерн-Белви-н.Илинден.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013