Prijavi problem

Општина Илинден го одбележа патрониот празник "Илинден 2-ри Август“

Изложба на уметници од Општина Илинден

На 5 декември 2018 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во Домот на култура „Илинден” ќе биде отворена изложба на дела на уметниците од Општина Илинден.

03.12.2018 |

Локален совет за превенција

Во насока на подобрување на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на територијата на Општината,  со дефинирање и интензивирање на нови активности, во просториите на Општината се одржа седница на Локалниот совет за превенција на Општина Илинден. На седницата со која претседаваше градоначалникот, Жика Стојановски беа конкретизирани насоките за делување на Советот.

Оџачарски услуги

Во рамките на активностите на Општина Илинден за обезбедување поквалитетни услуги за своите жители веќе четири години во ЈКП „Илинден“ работи служба која што нуди оџачарски услуги. Оџачарските услуги кои се од големо значење за жителите на Општина Илинден,  кои што се греат на дрва, јаглен или масло за домаќинства ги извршуваат стручно обучени и лиценцирани лица за оваа дејност.

26.11.2018 |

Државен натпревар во таеквондо се одржа во Општина Илинден

Под покровителство на Општина Илиден, а во организација на таеквондо клубот „Илинден“, во Спортската сала „Гоце Делчев“ во Општина Илинден се одржа третиот по ред традиционален турнир во таеквондо „Илинден Опен“. Посакувајќи им добредојде и многу успех на спортистите, турнирот официјално го отвори покровителот на манифестацијата, градоначалниокот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

26.11.2018 |

Градинката „Гоце Делчев“ по четврти пат Еко градинка

Детската градинка „Гоце Делчев“ по четврти пат во континуитет е добитник на интернационалното признание Еко градинка на највисоко ниво - зелено знаме. Со добивање на зеленото знаме, градинката  се стекна со право да аплицира за финансиска поддршка за еко проект. Градинката ќе  подготви проект со кој ќе аплицира за мал грант, одобрен од Програмата за мали грантови за еко градинки, финансирани од Европска Унија.

Во спортската сала „Гоце Делчев“ ќе се одржи третиот турнир во таеквондо „Илинден Опен“

Во организација на таеквондо клубот „Илинден“, а под покровителство на Општина Илиден, на 25.11.2018 година (недела) во Спортската сала „Гоце Делчев“ ќе се одржи традиционалниот турнир во таеквондо „Илинден Опен“.

23.11.2018 |

Тркалезна маса на тема Интеракција на јавен и приватен сектор преку развојни партнерства во БФЦ ЈИЕ општини и градови

Во конференциската сала во Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден, се одржа тркалезна маса на тема Интеракција на јавен и приватен сектор преку развојни партнерства. 

23.11.2018 |

Буџетски форуми за креирање на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година

Како дел од процесот за дефинирање на Предлог-Буџетот на Општина Илинден за 2019 година, а во насока на поголема транспарентност и партиципативно граѓанско учество во процесот на буџетирање, Општина Илинден почна со реализирање на работни буџетски форуми со граѓаните.

Отворен повик за изложба на уметници од Општина Илинден

Во организација на општина Илинден на 5 декември 2018 година (среда) во 12:00 часот во Домот на култура „Илинден”, ќе биде отворена изложба на дела на уметниците од општина Илинден.

Граѓанско партиципативно учество во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека на ден 22.11.2018 година (четврток) со почеток во 14:00 часот во Домот на култура Илинден, ќе се одржи средба со жителите на населено место Илинден .

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013