Prijavi problem

Патронен празник на општина Илинден - "Илинден 2-ри Август“

02.02.2018 |

Општина Илинден ја презема обврската за плаќање на воден надомест за одводнување од индивидуалните водокорисници

Општина Илинден ја презема обврската за плаќање на воден надомест  за одводнување од индивидуалните водокорисници-граѓани (физички лица сопственици/корисници на индивидуални станбени објекти) на подрачјето на Општина Илинден. Вкупниот воден надомест за одводнување кој општина Илинден треба да го исплати на АД Водостопанство на РМ-Скопје, Подружница „Скопско Поле“ – Скопје изнесува 4.205.520,00  денари. Ваква Одлука донесе Советот на општина Илинден на  својата петта редовна седница на која беа донесени повеќе одлуки.

30.01.2018 |

Плакета за општина Илинден од Меѓународната поетска манифестација во Решетари, Хрватска

Книжевното ликовно друштво „Решетари“, од општина Решетари, Република Хрватска  и додели посебна плакета на општина Илинден за придонес во реализацијата на Меѓународната поетска манифестација во Решетари.

26.01.2018 |

ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште - Стопански Комплекс Илинден

ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на Г2-Лесна и незагадувачка индустрија

ПОВТОРЕНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

по Измена и дополна на урбанистички план вон населено место Урбан Блок 2 од Урбанистички план вон населено место за дел од стопански комплекс Илинден Урбан блок 1, 2, 3 и 4 општина Илинден плански период 2016-2026

19.01.2018 - 15:20 | Галерии

Жителите на општина Илинден масовно го одбележаа празникот Водици

Со осветување на водите на езерото на хотелот Белви, што го извршија свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, жителите на општина Илинден масовно го одбележаа големиот христијански православен празник Богојавление – Водици. Најсреќен ...

Водици 2018

Општина Илинден по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“, ќе oрганизира положување на крстот во езерото на хотелот Белви во  населба Илинден.

06.01.2018 - 12:48 | Галерии

Коледарчињата од општина Илинден со песна го најавија Христовото раѓање

Носејќи макета на Витлеемската пештера која ја симболизира пештерата во која се родил Исус Христос, ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус и пеејќи ја христијанската коледарска ...

Известување - Легализација на бесправно изградени објекти

Врз основа на Закон за изменување на Законот за  постапување со бесправно изградени објекти (Службен весник на РМ бр.190/2017), се информираат  граѓаните на подрачјето на општина Илинден за следното:

04.01.2018 |

Излезе од печат новиот двоброј 54-55 на Општинскиот информатор „Илинден“

Од печат излезе новиот двоброј 54-55 на Општинскиот информатор „Илинден“, што можете да го видите и во електронска форма. Во него можете да најдете поголем број на интересни информации за активностите во општината,  што се надеваме ќе го задржат вашето внимание.

03.01.2018 |

Нова опрема за поквалитетни комунални услуги за граѓаните

Со цел обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални  услуги за потребите на граѓаните и на стопанството, јавните комунални претпријатија на Општина Илинден се опремија со нова градежна машина-универзален робокопач, како и машина за чистење на снег од тротоарите.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013